28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИChina Mobile ќе започне со тестирање на 5G мрежа

China Mobile ќе започне со тестирање на 5G мрежа

5g-image-615x250

China Mobile, еден од трите кинески телекомуникациски оператори, следната година ќе започне со тестирање на 5G комуникациските мрежи.

Почетното тестирање во текот на 2017 година ќе се одржи на фреквенциите на 6 GHz, а на почетокот на тестирањето ќе бидат опфатени четири или пет кинески градови.

Експерименталната 5G мрежа во самиот тек на тестирање ќе биде проширена и во неколку од локалните градови. До 2018 година, во одбраните градови би требало да има околу 20 базни станици.

Најдоцна до 2020 година, компанијата предвидува во кинеските градови да бидат поставени околу 10.000 базни станици, што треба да претставува почеток на воведувањето на 5G мрежата за комерцијална употреба на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП