18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗначителен пораст на добивката на ЗК Пелагонија АД Битола

Значителен пораст на добивката на ЗК Пелагонија АД Битола

zk_pelagonija

Во анализираниот период(01.01-30.09.2016) на финансиските извештаи, остварени се оперативни приходи во износ од 1.316.216.000 денари. Истите бележат зголемување од 16,86 отсто во однос на претходната година.

Во структурата на оперативните приходи, највисока е ставката на приходите од продажба  кои опфаќаат 72,80% од вкупните оперативни приходи или 958.237.000 денари.  Приходите од продажба бележат тренд на зголемување  во однос на претходната деловна година и истите се зголемени за 22,16 %.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 282.459.000 денари учествуваат со 21,46  % во вкупните  оперативни приходи и истите бележат  зголемување од 93,77  % во однос на претходната година. Во структурата на останатите оперативни приходи најзначајно е учеството на приходи од отпис на обврски кои изнесуваат 149.243.000 денари или 52,83 % од износот на вкупните оперативни приходи, како и приходите од премии, субвенции и дотации кои опфаќаат износ од 82.726.000 ден. или учество од 29,29 % во однос на  останатите оперативни приходи.

Во анализираниот период на финансиските извештаи во деловната 2016 година,  остварени се оперативни расходи  во износ од  1.054.741.000 денари. Истите се во помал износ, споредено со износот на  оперативните приходи и тоа за износ од  261.475.000  денари.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година,  како  разлика  помеѓу вредноста на залихите на почетокот на периодот и вредноста на залихите на крајот на периодот,  генерира приходна ставка на износ од 104.799.000 ден. и  Друштвото оствари оперативна добивка  на износ од 366.274.000  денари.

Остварената оперативна добивка во тековната година бележи значителен  пораст, во однос на остварената оперативна добивка од минатата година, во  апсолутен износ од 358.053.000 денари или зголумување за 4.455 %  во однос на претходната деловна  година.

Остварените финансиски расходи во износ од 52.457.000 денари намалени за финансиските  приходи во износ од 1.852.000 денари  ја оптеретуваат  оперативната добивка за  износ од  50.605.000 денари, со што крајниот резултат во консолидираниот Биланс на успех  за  периодот  од  01.01.2016 до  30.09.2016  година, покажува остварена добивка од  работењето  на  износ од 315.669.000 денари .

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП