20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„WIZZ Go“- новиот производ на „Wizz Air“

„WIZZ Go“- новиот производ на „Wizz Air“

wizz-air111

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, во вторник го објави новиот производ од понудата на авиокомпанијата.

“WIZZ Go” е дополнителна опција на веќе постоечкиот “WIZZ Plus” (претходно: ”Plus Fare”) пакет понуда и се воведува поголема флексибилност за патниците.

Двете опции “WIZZ Go” и “WIZZ Plus” им нудат на патниците, намалени пакет цени, покрај “Basic Fare” (авионска карта и мала кабинска торба) и збир од дополнителни услуги, доколку купуваат посебно, како подобро искуство при резервирањето.

Новиот “WIZZ Go” е дизајниран за одлучни патници, кои бараат ниски цени, одлични вредности на услугата и ги користат најпопуларните производи и услуги на WIZZ.

“WIZZ Go” вклучува голема кабинска торба, 23 kg чекирана торба и можност за избор на седиште (ги вклучува и првиот ред и седиштата со екстра простор за нозете).

go-wizz-air

“WIZZ Plus” нуди и други дополнителни услуги и бенефиции за корисниците, кои сакаат да уживаат во одлична флексибилност и максимален конфорт за време на целото патување: од купување на билетот он-лине до пристигање на одбраната дестинација.

“WIZZ Plus” вклучува 32kg чекиран багаж, голема кабинска торба, чекирање на аеродром, WIZZ Flex опција за промена за датата на патување, можност за избор на седиште (ги вклучува и првиот ред и седиштата со екстра простор за нозете) и приоритетни услуги за лет (исто така вклучува додатен мал персонален предмет за време на летот).

Почнувајќи од денес, патниците на WIZZ можат да резервираат седишта на сите аеродроми на повеќе од 450 рути одбирајќи го “WIZZ Go” или “WIZZ Plus” на wizzair.com.

„Го дизајниравме WIZZ Go за нашите одлучни патници кои не сакаат да се секираат за изборот на седиште и багаж. Ова се дел од опциите за нашите патници кои имаат потреба за повеќе од основната цена, но не ја сакаат целосната WIZZ Plus понуда. Поради тоа што имаме патници со различни потреби, се трудиме да го понудиме најдоброто со цел да ги услужиме“, рече Јоргос Михалополус, комерцијален директор на Wizz Air.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП