15 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Seriеѕ 7 со „M“ знакот (видео)

BMW Seriеѕ 7 со „M“ знакот (видео)

sedmicabmw33

„BMW M760Li xDrive“ e aвтомобилот со кој „Seriеѕ 7“ најмногу се доближи до вистински „М“ модел.

Првиот модел од „Serieѕ 7“ со ознаката „M“ под хаубата крие 6.6-литарски V12 турбо бензинец кој произведува 610 ks (448 kW) при 5.500 вртежи, додека максималниот вртежен момент од 800 Nm веќе е достапен на 1.550 o/min.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на „xDrive“ погонот и осумбрзински автоматски менувач. Топ верзијата на новата „седмица“ забрзува до „стотка“ за неверојатни 3,9 секунди, само за споредба е за 0,4 секунди подобро време од актуелниот „BMW M5“, но и максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

Сепак, оние кои ќе се одлучат за „M Driver“ пакетот ограничувањето се укинува, па барем во теорија, својот „BMW M760Li xDrive“ можат да го возат до брзина од 305 km/h.

„BMW“ на купувачите им понуди два стилски пакети – спортски и елегантен (V12 Excellence). Првиот има малку подинамична појава со големи отвори за воздух на предниот дел и матирана боја на надворешноста, додека другиот има нагласени хромирани украсни елементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП