17 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе разгледуваат 10 варијанти за дизајнот на новиот iPhone

Се разгледуваат 10 варијанти за дизајнот на новиот iPhone

lik399

Американскиот технолошки концерн „Apple“ разгледува повеќе од 10 дизајни за новиот „iPhone“, кој ќе излезе следната година, кога уредот ќе наполни 10 години.

Меѓу прототипите има таков со флексибилен екран, за кој одамна се зборува, тврдат извори запознаени со ова прашање. Поддоставувачите на „Apple“ беа замолени да создадат потенки екрани со подобра резолуција од тој на „Galaxy Edge“ на „Samsung“.

Освен што се натпреварува со смартфоните на „Apple“, „Samsung“ е една од ретките компании во светот, која може да направи доволно количество закривени екрани за „Apple“. Експертите изјавија за „CNBC“ пред извесно време дека е малку веројатно некој друг поддоставувач да успее да ја постигне стручноста на „Samsung“ и да произведе толку примероци во текот на следната година.

Затоа на „Apple“ може да и се наложи да соработува со својот главен конкурент, додека закривените екрани својот пат во светот на иновациите и насочување кон ваквиот телефон.

Новиот дизајн може да ги замолчи критиките од експертите, кои тврдат дека во „Apple“ не се расположени да ризикуваат со воведувањето иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП