21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжен штрајкот на Lufthanzа, 1.700 летови откажани

Продолжен штрајкот на Lufthanzа, 1.700 летови откажани

lufthanza394

Пилотите на германската воздухопловна компанија Lufthanza по дводневна пауза, денеска го продолжија штрајокот.

Авиокомпанијата откажа 816 летови кои беа закажани за денес. Штрајкот ќе продолжи и утре, што ќе се одрази и на кратките и на долгите релации. Lufthanza за утре откажа 890 летови, кои беа на редовната листа за летање.

Денешното продолжување на протестите доаѓа по четиридневниот штрајк од минатата недела, помеѓу раководството на Lufthanza и кабинскиот екипаж во спорот околу платите, кој се раздолжува повеќе од две години.

Менаџментот на Lufthanza во понеделникот не успеа да го убеди судот во Минхен да издаде наредба за забрана на најавениот штрајк.

Од компанијата изјавија дека денешните откажани летувања влијаеле на околу 82.000 патници, и дека од утрешниот најавен штрајк ќе имаа негативно влијание врз дополнителни 98.000 патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП