Европската банка за обнова и развој (EBRD) објави дека на компанијата Mеrcator Intersport ISI која е купувач на компанијата Sigular Retial Grup, и одобрила заем од 14 милиони евра за проширување на бизнисот и остварување на поставените цели на компанија во Југоисточна Европа.
Mercator купопродажниот договор го склопи во септември со полскиот фонд Enterprise VII, со кој управува Enterprise Investors. Intersport ISI, кој во земјите од поранешна СФРЈ и Албанија има речиси сто продавници и многу партнери со франшиза (вработува околу 900 луѓе, а минатата година достигна околу 81 милиони евра приходи од продажба).
Склучени трансакции мора да бидат одобрени од страна на Канцеларијата за конкуренција.
Со помош на една финансиска инјекција од EBRD, новиот сопственик до 2021 година, да отвори 50 нови продавници и да продолжи на понатамошен развој на онлајн продажбата. Притоа банката ќе обезбеди дополнителни 2,5 милиони долгорочен кредит и пет милиони евра за обртни средства.
Intersport ISI на пазарот за спортска опрема и облека e водечки бренд на мало во регионот, според изјавите на лидерите Enterprise Investors и EBRD, неговата позиција се очекува уште повеќе да се придвижува во нагорна линија. Клучот за успех е комбинација на класичени продавници и онлајн продавница на која и всушност ќе се зголеми акцентот на инвестирање.
Intersport својата прва продавница во Македонија ја отвори во март, 2014 година. Денека има четири продавници на територија на нашата земја од кои две во Скопје и по една во Битола и Тетово.