19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Еврото е „недостроена куќа“ и останува „кревка“

Марио Драги: Еврото е „недостроена куќа“ и останува „кревка“

dragi-evra3354

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги ги предупреди европратениците дека единствената европска валута е „недостроена куќа“ и останува „кревка“ без активности за надминување на нејзините недостатоци.

На сослушувањето во Европскиот парламент, Драги изјави дека политичките лидери не треба да дозволуваат на загриженоста за безбедноста да се префрли на економските реформи.

Тој додаде дека еврото „ќе мора да ја надмине ранливоста која доаѓа од несовршеноста“. Според него „важна лекција од кризата е дека половина изградена куќа не е стабилна, кревка е“.

Драги даде знак дека ЕЦБ ќе бара начини да го задржи сегашното ниво на парични стимулации на клучната седница на 8-ми декември. Тогаш Управниот одбор ќе разговара дали да ја продолжи програмата за откуп на обврзници за 1,77 илјади милијарди евра преку која месечно во економијата ќе излегуваат по 80 милијарди евра.

Најраниот датум за запирање на програмата е март 2017-та година, а според аналитичарите банката може да ја продолжи со три или шест месеци.

Пред комисијата за економски и монетарни прашања во Европскиот парламент Драги коментираше дека засега еврозоната се справува со висока отпорност со последиците од одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Драги истакна дека Велика Британија произведува во земји од ЕУ стоки за над 40% од вредноста на извозот, што може да доведе до дополнителни негативни трговски последици во случај на излегување од единствениот европски пазар, посочуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП