Овен (21.03 – 20.04)
Конечно ќе добиете некоја многу важна информација поврзана со некоја личност. Бидете внимателни. Во љубовта се плашите дека саканото лице би можело да ве остави.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате огромна потреба на луѓето од вашата околина да им објасните што и како треба да работат. Време е да оладите малку. Зафатените Бикови ги очекува пријатен ден со саканото лице.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Премногу е рано за конкретни промени на работа. Почекајте десетина дена, времето ќе ви биде од корист. Можни се мали кавги со саканото лице.
Рак (22.06 – 22.07)
Колегите ве опоменуваат дека е време да го промените своето однесување. Послушајте ги. Во љубовта нема потреба да го провоцирате партнерот.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес ќе реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Можно е да повредите некоја личност, ненамерно. Во љубовта не се возбудувајте за некои ситници.
Девица (23.08 – 22.09)
Поминувате многу време на работа и поради тоа ги запоставувате другите обврски. Партнерот има чувство дека не му посветувате многу време, и сосема е во право.
Вага (23.09 – 22.10)
Доколку сметате дека туѓиот план не е доволно добар, направете свој. Пробајте ги двата плана, па дури тогаш донесете конечен заклучок. Споредувањето со други лица, негативно влијае на вашиот љубовен живот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Време е да се посветите на собирањето на контакти кои би можеле да ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните Шкорпии ќе имаат прилика да запознаат некое многу интересно лице.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ако сакате да ги постигнете сите зацртани цели, ќе морате да поработите на организацијата. Непотребно се грижите поради однесувањето на саканото лице. Се е во добар ред, не му наоѓајте замерки.
Јарец (22.12 – 20.01)
Време е да решите некое важно прашање, насочете ја вашата енергија кон тоа. Во љубовта одличен ден за планирање на патување со саканото лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате чувство дека колегите и надредените ви смислиле некој план зад вашиот грб. Прашајте ги отворено за намерите, не дозволувајте никој да ве прави глупави. Во љубовта имате чувство дека партнерот има преголеми очекувања од вас.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате одлични идеи, но не знаете како да ги реализирате. Некој од семејството ќе ви даде одличен совет. Еден неочекуван романтичен повик пријатно ќе ве изненади.