27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром повторно oствари рекордна достава на гас за Европа

Газпром повторно oствари рекордна достава на гас за Европа

Production Facilities At OAO Gazprom Neft's Refinery

И покрај сите обиди на Европа да ја ограничи зависноста од рускиот природен гас, „Газпром“ само во рок од неколку месеци постојано ги подобрува рекордите за снабдување на Стариот континент.

На 25-ти ноември гасниот гигант доставил 601,2 милиони кубни метри гас за деноноќие, пренесе „ТАСС“.

Според податоците на компанијата од јануари до октомври снабдувањето со природен гас до европските клиенти се зголемиле за 10% или со малку повеќе од 13 милијарди кубни метри. Значителен раст се забележува кај снабдувањето кон Велика Британија (54,6%), Холандија (91,8%) и Данска (149,4%).

Според шефот на рускиот гигант Алексеј Милер зголемената потрошувачка е знак за сигурноста и стабилноста на испораките за Европа. Милер, предвиде дека во 2016-та година „Газпром“ ќе испорача над 170 милијарди кубни метри природен гас за Европа.

Од почетокот на годината цената на природниот гас паѓа постојано – таа е обврзана со движењето на цената на нафтата, како што се случува на нафтените пазари се одразува со извесно одложување на цената на природниот гас. Така во последните месеци Европа всушност добива евтина суровина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП