30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите апликации за видео разговори

Најдобрите апликации за видео разговори

video-razgovori33

Веројатно имате еден куп апликации во вашиот телефон, но ако имате потреба од таква за остварување на повици, проверете ги предлозите на „Business Insider“. Вообичаениот начин за реализација на телефонски повици се уште постои, но има подобри и притоа бесплатни решенија. Овие апликации се особено погодни за меѓународни говорни повици, бидејќи во суштина за слободни.

Facebook Messenger

„Facebook Messenger“ првенствено се користи за испраќање на текстуални пораки, но можете да го користите и за да спроведете кристално јасен телефонски разговор преку вашиот мобилен интернет или Wi-Fi конекција. Се разбира, може да остварувате и видео повици, ако сакате.

Skype

„Skype“ е меѓу првите услуги за видео повици, и поради оваа причина стана синоним на контакт со пријателите и семејството, кога сме далеку од нив. Услугата е позната најмногу поради видео разговорите, но можете да спроведете и гласовен повик, како користите „Skype“ на мобилен уред или компјутер.

Google Hangouts

„Hangouts“ беше оригиналната апликација за разговор во „Gmail“, но таа постојано се развива и веќе вклучува гласовни и видео повици, како од мобилните уреди така и од компјутер.

FaceTime Audio (само за iPhone)

Слично на „Skype“, апликацијата за „iPhone“ – „FaceTime“ е позната претежно со видео разговорите, но може да се користи и за говорни повици. Апликацијата сепак може да се користи само со „iPhone“ и „Mac“.

WhatsApp

„WhatsApp“ е меѓународен фаворит за апликација за пораки, но со неа може да се реализираат и телефонски повици, при тоа многу подобри отколку со вградените апликации во телефоните. „WhatsApp“ неодамна на големо задоволство на своите корисници, конечно ја воведе можноста за видео повици, но тоа засега е возможно само преку смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП