7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСреда 30-ти ноември неработен ден - Ден на дрвото

Среда 30-ти ноември неработен ден – Ден на дрвото

%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-7

Во среда, е неработен ден, освен за здравствените работници, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, затоа што ќе се организира традиционалната манифестација Ден на дрвото, кога на територија на цела република ќе се засадуваат дрвја.

Ваква одлука донесе Владата на Република Македонија на седницата одржана во петокот.

По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции.

На денот на акцијата, градинките ќе работат со вообичаено работно време, препорачуваат од таму.

Датумот за одработување дополнително ќе се определи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП