Компанијата „Мајкрософт“ ја адаптираше својата популарна игра „Солитер“ и за уредите кои ги користат оперативните системи иОС и Андроид.
Играта постои на оперативниот систем Windows повеќе од 25 години, а модерната верзија
„Солитер Колекшенс“ сега е достапна и за други платформи.
Компанијата бесплатно ја понуди играта и се надева дека ќе привлече уште поголем број од сегашните 119 милиони корисници, кои веќе ја играле играта на Windows 8 и Windows10.
„Мајкрософт Солитер Колекшн“ за иОС и Андроид ги вклучува игрите „Колндајк“, „Спајдер“, „Фрисел“, „Пирамид“ и „Трипикс“, како и дневни предизвици за играчите. Компанијата исто така го интегрира и „Иксбокс Лајв“ во игра, со што играчите можат да се логираат на „Солитер“ и да ја играат играта со пријателите.
„Mајкрософт“ ја нуди и верзијата „Премиум Едишн“ за 1,99 долари месечно, која не содржи реклами, но вклучува двојни награди во пари за исполнување на дневните предизвици.
Корисниците на уредите со иОС можат играта да ја преземат на „Епл Стор“, додека за тие кои користат Андроид достапна е на „Плеј Стор“.