22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојде ли време за паритет меѓу доларот и еврото?

Дојде ли време за паритет меѓу доларот и еврото?

doleuro99

Иако победата на Доналд Трамп ја прероди т.н. трговија на дивергенции, има се повеќе облози дека еврото ќе девалвира додека да се изедначи со доларот, пренесува „Bloomberg“.

Една од прогнозите на „Goldman Sachs Group Inc.“ за 2017-та година води до заклучок дека може да се постигне еднаквост во вредноста на двете валути во текот на следните 12 месеци.

Оваа ситуација е „сега или никогаш“, сметаат експерти од „Societe Generale SA“.

doleuro91

И додека зајакнувањето на доларот, поткрепен со надежите за фискални стимуланси кои го стимулираат брзиот раст и зголемувањето на каматните стапки, беше главна тема на девизните пазари, тогаш „заканата од политичкиот ризик за поделба на Европа“ ќе доведе до таков развој дека еврото ќе дојде на нивото на доларот за прв пат од 2002-ра година, смета аналитичарот Кенет Брукс.

Од банката коментираат дека паритетот меѓу двете големи валути може да стане факт во првиот квартал од 2017-та година.

doleuro92

Аналитичарите сметаат дека зголемената разлика ќе се прошири во приносот на италијанските и германските владини обврзници и континуираната рестриктивна политика на ФЕД да ја подготват почвата за двојката валути да го достигнат најниското ниво за повеќе од 14 години.

„Со наближувањето на италијанскиот референдум закажан на 4-ти декември, може да се направат паралели помеѓу оваа флуктуации во валутите на доларот и еврото и оние во првиот квартал на 2013-та година, кога левите и центристите победија на изборите во Италија“, смета Брукс.

doleuro93

Истовремено Кит Џекес, стратег од „Societe Generale“ за глобалните прашања, ги следи и другите избори – претседателските во Франција. Првото гласање таму ќе се одржи на 23-ти април и ќе биде клучно за развојот на европската валута на пазарите.

„Јас сметам дека еврото ќе ја достигне најниска вредност во однос на доларот, непосредно пред француските избори или во истиот ден“, изјави тој за „Bloomberg TV“.

Постои реална опасност лидерот на француските националисти Марин Ле Пен да победи во првиот круг, што ќе се рефлектира врз пазарите, иако таа можеби нема да победи на вториот круг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП