18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes вложува 10 милијарди евра во електрични возила

Mercedes вложува 10 милијарди евра во електрични возила

 

milijardi-mece33

Германскиот гигант „Daimler“ ќе инвестира до 10 милијарди евра во развојот на електрични возила во следната деценија, откри шефот на компанијата за развој Томас Вебер.

„До 2025-та година сакаме да создадеме 10 модели со електричен погон, засновани врз истата архитектура“, изјави Вебер во интервју за „Stuttgarter Zeitung“. Седум од новите електрични автомобили ќе се со амблемот на „Mercedes-Benz“, а останатите три на „Smart“.

Благодарение на напредокот во областа на батериите повеќе компактните модели ќе имаат максимален опсег со едно полнење до 700 километри со најмалку 200 над сегашното најдобро достигнување на „Opel Ampera-E“.

„Mercedes“ ја објави својата намера за моќна електрична офанзива уште на саемот во Париз, каде што беше претставен и првиот прототип од новата палета наречен „EQ“. Така веќе сите големи германски производители се концентрираат кон електричните возила како главен тренд за иднината. Резултат за тоа е делумното „ладење“ кон дизел технологијата и делумно на напредокот кај батериите.

Цената на литиум-јонски акумулатори падна од 600 до 250 долари за киловат во последните пет години. Барем три истражувачки групи работат на следната генерација, што би требало да ги намалат трошоците под 100 долари и да го зголеми капацитетот за 50 до 70%. Ова веќе би го направило електричниот погон вистински конкурент на моторот со внатрешно согорување, дури и без државни субвенции и попусти.

Во меѓувреме „Daimler“ потврди дека нема да се откажува предвреме од дизел технологијата и дури има намера да продолжи да ја обезбедува и во САД. Претходно во текот на неделата „VW“ објави дека повеќе нема да продава дизел возила во Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП