Британскиот стартап „AirSelfie Holdings Ltd London“ направи џебен дрон „AirSelfie“ кој можете да го носите под поклопецот на паметниот телефон, а кога ќе посакате да направите фотографија или видео запис со него управувате со виртуелен џојстик.

Дронот е тежок само 52 грама и може да лета на висина до 20 метри цели три минути. Опремен е со камера од пет мегапиксели која може да снима „HD“ видео записи, а со него доаѓа и „SD“ картичка од 4 GB.

По снимањето на фотографијата или видео записот, уредот безбедно ќе слета во раката на корисникот, а снимената содржина со помош на „Wi-Fi“ мрежа се пренесува на телефонот и без проблем може да се споделува на друштвените мрежи.
„AirSelfie“ е компатибилен со паметните телефони како што се „iPhone 6“, „7“ и „7 Plus“, „Samsung Galaxy S7“, „Edge“, „Huawei P9“ и „Google Pixel“.

Минијатурниот дрон на „Kickstarter“ веќе ја оствари својата финансиска цел, а на пазарот ќе биде достапен во март 2017-та година по цена од околу 150 фунти.