19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот електричен автомобил пристигнува од Кина (фото+видео)

Најбрзиот електричен автомобил пристигнува од Кина (фото+видео)

kini-car-05

Кинеската компанија „NextEV“ неодамна во Лондон го покажа својот нов електромобил – „NIO EP9“ кој е способен да развива до 313 км/ч. Според зборовите на производителот тоа е најбрзиот електромобил до денес.

kini-car-01

Најгласните зборови на Кинезите се поддржани со факти: „NIO EP9“ поставил светски рекорд на патеката „Nürburgring Nordschleife“. Таму обично се тестираат можностите на суперавтомобилите: 20,8 километри за 7 минути и 5.12 секунди.

kini-car-02

Овој резултат е можен, благодарение на уникатниот мотор – неговата моќ е 1360 КС, па така максималната брзина е 313 км/ч. Во другите параметри „NIO EP9“ отстапува од главните конкуренти од „Tesla“. Автомобилот развива 100 км/ч за 2.7 секунди. Во исто време „Model S“ тоа го прави за 2,5 секунди. Помала е максималната километража со едно полнење на акумулаторот: 427 километри наспроти 506 километри кај моделот на „Tesla“.

kini-car-04

Надворешно „NIO EP9“ по ништо не наликува на „Model S“, туку тоа е вистински спортски автомобил со агресивни линии на куќиштето и интересни форми.

kini-car-03

Кинезите објавија уште дека се размислуваат дали да постават во возилото технологија со автопилот. Претстои да бидат направени тестови на технологијата во „патни“ услови.

Сосема можно е „NIO EP9“ да се појави на пазарот. Компанијата ужива доверба од многу инвеститори, меѓу кои се гиганти како „Lenovo“ и „Tencent“.

Засега остануваат мистерија цената и терминот на премиерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП