10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБатериите на мобилните телефони ќе ги полниме за само неколку секунди

Батериите на мобилните телефони ќе ги полниме за само неколку секунди

azis300

Oткриен е нов процес за создавање на флексибилни суперкондезатори чие време на полнење се мери во секунди, додека за нивно празнење е потребно повеќе од една недела.

Во текот на изминативе десетина години паметните телефони напредуваа речиси во секој поглед, освен во една компонента, батеријата.

Во тимот на американски научници од Универзитетот во Флорида се уверени дека нанотехнологијата може да ја совлада и таа последна препрека и да донесе револуција во областа на чување енергија. Тие имаат и доказ за тоа.

Според резултатите објавени во магазинот „ACS Nano“, oткриен е нов процес на создавање на флексибилни суперкондензатори чие полнење се мери во секунди, додека за празнењето е потребно повеќе од една недела.

Меѓутоа, тоа не е се: можно е батеријата да се наполни повеќе од 30.000 пати. Само за споредба, обичната литиум-јонска батерија нуди околу 1.500 полнења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП