7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot ќе прави семеен автомобил со 500 „коња“ (фото)

Peugeot ќе прави семеен автомобил со 500 „коња“ (фото)

g308-00

Раководството на „Peugeot“ ја разгледува можостта за правење на хибриден „хот-хеч“, во кој ќе се комбинираат бензински мотор и електромотор. Тоа треба да стане топ-модел на француската марка, целта ќе биде да се натпреварува со „Ford Focus RS“, соопшти шефот на „Peugeot“, Жан-Филип Емпарато.

Според зборовите на Емпарато, неговата компанија сака да понуди на пазарот автомобил кој ќе биде побрз и помоќен од сегашниот „хот-хеч“, „Peugeot 308 GТi“. Оваа машина се потпира на 2.0-литарски мотор со моќност од 270 КС.

g308-01

„Бидејќи учествуваме во натпревари како рели „Дакар“, би сакале да искористиме некои од веќе развиените технологии за спортски автомобили во граѓанските модели. Сметам дека нема да направиме наследник на моделот „RCZ“, туку ќе ја претвориме во вистински „ѕвер“ следната генерација на „308““, објасни шефот на „Peugeot“.

Предвидено е во сличен автомобил да се користи технологија од концептниот „308 R-Hybrid“, претставен во пролетта 2015-та година. Хибридниот агрегат на овој прототип вклучува бензински турбодвигател со 270 КС, два електромотори со 115 КС, комплет литиум-јонски батерии од 3 kW/h и 6-степен автоматски менувач.

g308-02

Моќноста на машината достигнува 500 КС и 730 Нм вртежен момент, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4 секунди. Максималната брзина е ограничена по електронски пат на 250 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП