20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ќе потрошат над 3 милијарди долари за „Black Friday“

Американците ќе потрошат над 3 милијарди долари за „Black Friday“

black-friday33

Американците кои бараат поволни зделки, почнаа да трошат пари, откако некои продавници во странство го означија почетокот на „Black Friday“ уште во четвртокот попладне, пишува „Daily Mail“.

Луѓето се наредија порано во редици пред некои продавници „Best Buy“, вклучувајќи еден во Јута, каде температурите паднаа под нулата. Други се пред вратите на стоковната „J.C Penney“. Таа започна со продажбата уште во 15 часот во четвртокот – неколку часови пред Американците да започнат со вечерата за Денот на благодарноста.

Многу пред луѓето да го преминат прагот на продавниците, повеќе од 1 милијарда долари веќе беа потрошени онлајн. Американците потрошија 1.15 милијарди долари меѓу полноќ и 17 часот во четвртокот, покажуваат податоците на „Adobe Digital Insights“. Тоа е зголемување за повеќе од 13 отсто во однос на истиот период од минатата година. Од „Adobe“ очекуваат вкупните трошоци за Денот на благодарноста да надминат 2 милијарди долари во следните неколку часа. Се очекува околу 900 милиони долари од вкупната сума да дојдат од купувања направени со мобилни уреди.

Според податоците на Националната фондација на продавниците за продажба на мало, онлајн расходите во трите дена на „Black Friday“ ќе достигнат 8,4 милијарди долари. Според фондацијата 3.05 милијарди долари ќе бидат потрошени во „Black Friday“, а 3,36 милијарди долари – во „сајбер понеделникот“, што ќе го претвори во најголемиот ден за шопинг на сите времиња.

Според други предвидувања вкупните трошоци по празниците ќе се зголемат за 3,6%, што ќе биде поголем скок од просекот во последните седум години. Ако трошоците навистина се зголемат со прогнозираните бројки, тоа ќе значи отворање на 690.000 нови сезонски работни места.

Довербата на потрошувачите се зголеми за 8,4 поени од октомври до 85.2 во ноември – најголемото месечно зголемување од декември 2011-та година, покажуваат податоците на Универзитетот во Мичиген, кој го истражува расположението на потрошувачите за ноември.

„Зајакнувањето на позитивните очекувања за економијата не е изненадувачки во предвид популистичката политика на Трамп и беше поддржана од изненадната победа и од општото „одморање“ по завршувањето на изборите“, коментира Ричард Картин од Универзитетот во Мичиген за „Bloomberg“.

На позадината на зголемената доверба во безбедноста на работните места, зголемувањето на платите и растот на пазарите, купувачите планираат да потрошат многу време за време на празниците. Се очекува продажбата да се зголеми за 3,6% во однос на минатата година, што ќе донесе 630.05 милијарди долари на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП