3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМилионитиот Mercedes од Кина (фото)

Милионитиот Mercedes од Кина (фото)

milmecka-00

Германскиот производител одбележа значаен јубилеј во најнаселената земја во светот, во која своите модели ги изработува уште од 2005-та.

На „Mercedes“ му беа потребни десетина години да го прослави производството на милионитиот автомобил во Кина, а јубилејниот примерок припаѓа на најновата генерација на „E Сlasѕ“. Покрај оваа лимузина, во фабриката „Beijing Benz Automotive“ се изработуваат уште и „Mercedes C Сlasѕ“, како и кросовер/SUV моделите „GLA“ и „GLC“.

Погонот, кој започна со работа во 2005-та година, е изграден со заедничко вложување на компаниите „Daimler“ и кинескиот производител на автомобили „BAIC“, a првиот модел кој се изработи во фабриката исто така беше „E Сlasѕ“, но од постарата генерација.

milmecka-01

Оваа лимузина воедно е и најпродаваниот модел на „Mercedes“ во Кина, а од летото 2016-та во оваа земја ексклузивно се изработува и „L“ верзија со продолжено меѓуосовинско растојание, наменета за домашниот пазар.

Во првите десет месеци од оваа година, „Mercedes“ во Кина продаде повеќе примероци на „E Сlasѕ“, отколку на било кој друг поединечен светски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП