7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува 10,5-инчен iPad за следната година?

Apple подготвува 10,5-инчен iPad за следната година?

faapple3

Американскиот технолошки концерн „Apple“ следната година ќе претстави 10,5-инчен „iPad“, тврди „AppleInsider“, повикувајќи се на извори од синџирот на производство во Тајван.

Се очекува производството на новиот уред да започне уште во декември. Тоа значи дека премиерата најверојатно ќе биде во првиот квартал на следната година.

Новиот „iPad“ ќе биде придружен од 12,9-инчниот „iPad Pro“, а и двата ќе се придвижуваат со новиот чипсет „Apple A10X“. „Apple“ очекува да продаде 2 милиони примероци во првиот квартал од 2017-та година и 5-6 милиони вкупно во текот на целата година, се тврди во материјалот.

Покрај тоа, постојат претпоставки дека „Apple“ ќе покаже и нов 9,7-инчен „iPad“ модел, но тој ќе е нискобуџетен и нема да се натпреварува со другите два модели.

Според друга шпекулација компанијата соработува со корејскиот „LG Innotek“ за создавањето на модулот на камерата, наменет специјално за „iPhone“, кој ќе овозможи создавање на „3D“ слики. Според „Korean Economic Daily“ следната генерација „iPhone“ најверојатно ќе работи со додадена реалност, што е уште еден од најинтересните гласини околу новиот модел.

Двојниот модул во „iPhone 7 Plus“ е произведен токму од „LG Innotek“, па нема да биде изненадување ако „Apple“ продолжи да работи со компанијата за развој на новите генерации камери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП