24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung PC e желба на Lenovo

Samsung PC e желба на Lenovo

samsung-pc33

Поради желбата да се подобри во фокусот на основните операции и да ги намали вложувањата на инвестициите во PC бизнисот, Samsung Electronics започна сериознa работа во преструктуирање на бизнисот во последните неколку месеци.

Одлуката на Samsung да го продаде својот бизнис со печатачи на HP за повеќе од една милијарда долари покажа дека компанијата е сериозна во нејзините напори да стане „помала” организација. Во новиот извештај на Јужна Кореја сега се тврди дека Samsung се подготвува да го продаде PC бизнисот, како и тоа дека во моментов е во преговори со кинескиот гигант Lenovo околу потенцијалниот договор.

Во него се препорачува меѓународната правна фирма Paul Hastings да го застапува Samsung, додека Lenovo е во преговорите со Freshfields Bruckhaus Deringer. Samsung ретко открива бројки поврзани со PC бизнисот, така што е тешко да се процени колку вреди. Според извештајот, ако се постигне договор, цената ќе биде повисока од 850 милиони долари.

Lenovo е најголемиот произведувач на компјутери во светот во поглед на испораката и има јаки позиции да го купи Samsung PC бизнисот. Сепак, преговорите веќе траат одредено време, а компаниите сеуште не се ни блиску до договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП