5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp воведе уште една опција која ќе израдува многумина (видео)

WhatsApp воведе уште една опција која ќе израдува многумина (видео)

whatsapp

Една од омилените апликации за размена на пораки, „WhatsApp“, воведе директно проследување на видео содржини, па така корисниците повеќе не треба да ги превземаат видеата за да можат да ги погледнат, пишува „Mashable“.

Новата опција засега е достапна само на „Android“, но во наредните неколку денови би требало да биде подготвена и за останатите системи.

Дека го почитуваат мислењето на своите корисници, „WhatsApp“ неодамна докажа кога ги воведе видео повиците, а по бројните замерки на сметка на споделувањето на видео материјалите на апликацијата, сега и тоа го овозможија. Досега, секое видео испратено од „WhatsApp“ пред гледањето мораше прво да се превеме, па корисниците се пожалија дека мораа да превземаат многу бескорисен материјал. Проследувањето функционира како и на сличните други сервиси, како што е „YouTube“.

„WhatsApp“, кој инаку е познат по тоа дека бавно воведува новитети, во последно време агресивно додава нови опции. По воведувањето на видео повиците и видео стримингот, моментално тестираат и уште една опција слична на „Snapchat“ приказните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП