24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus ќе им продава авиони на Иран

Airbus ќе им продава авиони на Иран

rusija-nafta

Американската Управа за контрола на надворешни средства (OFAC) и издала дозвола на компанија „Airbus“, за продажба на 100 авиони на компанија „Iran air“ во вредност од 20 милијарди долари, пренесуваат светските агенции.

По потпишувањето на нуклеарниот договор во јули 2015-та година, американската адмнистрација почна да попушта во однос на инвестициите кон Иран, а како резултат на ова „Iran Air“ во јуни потпиша договор со американскиот произведувач за купување на авиони „Boeing“ од серијата 737 и 777.

Поради тоа што најмалку 10 проценти од авионите се произведуваат во САД, компанијата без одобрение на Вашингтон не може да ја реализира продажбата на авиони.За предлог- законот за продажба да стапи на сила , потребно е да биде одобрен од Сенатот и со потпис на претседателот Барак Обама.

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кој ќе ја презеде функцијата на 20 јануари 2017-та година, уште повеќе ги комплицира работите. Трамп ги критикуваше политиките на Обама кон Иран и изјави во да биде избран за претседател , ќе го поништи нуклеарниот договор со Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП