6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВидео кое ги онеспособува сите iOS уреди (видео)

Видео кое ги онеспособува сите iOS уреди (видео)

video-33994

Доколку користите „iPhone“ или „iPad“, во следните денови внимавајте кога отворате кратки видео записи кои ќе ви бидат испратени, a некои од нив би можеле да го забават вашиот уред. Станува збор за измама која започна да се шири преку кинеската апликација за размена на видео содржини „Miaopai“, a која искористува се уште непознат недостаток во „iOS“.

Со отворање на кратка„mp4“ видео содржина (достапна на ова место, доколку некого го интересира), на прв поглед ништо не се случува, корисникот може да погледне само три секунди од видеото, но потоа настапуваат проблемите.

Од засега непознати причини „iPhone“ или „iPad“ уредите на кои ова видео е погледнато во преиод од неколку минути по отворањето значително ќе забавува, а на крајот ќе го забави со што ќе биде неупотреблив. На корисникот на крајот не му преостанува ништо друго освен да го рестартира уредот во комбинација со хардверските копчиња (hard reset).

По рестартирањето, уредот се однесува нормално, па се чини дека отворањето на споменатото видео нема трајни последици. Повеќе за целиот проблем појасни корисникот на „YouTube“,  „EverythingApplePro“ во приложеното видео. Напоменуваме дека истот „bug“ влијае на сите „iPhone“ и „iPad“ уреди на кои се наоѓа било кој „iOS“, oд верзијата 5 па се до најновата генерација. Единствената разлика е во тоа што старите уреди брзо откажуваат послушност.

Oд „Apple“ допрва се очекува појаснување за овој недостаток, како и евентуалното отстранување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП