10 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИндустријата со смартфони на Apple му обезбедува 91% од вкупната добивка

Индустријата со смартфони на Apple му обезбедува 91% од вкупната добивка

ap-ee2

Американскиот технолошки концерн „Apple“ земал рекордни 91% од вкупната добивка од продажбата на смартфони во третиот квартал од годината, тврди во својот нов извештај компанијата „Strategy Analytics“.

Во материјалот се прогнозира дека мобилната индустрија забележа оперативен профит од 9,4 милијарди долари во кварталот од јули до септември, а на „Apple“ отпаѓа удел од 91% од таа добивка. Во дигитален израз тоа е 8,5 милијарди долари.

Ниту една друга компанија не донела повеќе од 2,5 проценти, а во рангирањето следат „Huawei“, „Vivo“ и „Oppo“. Така излегува дека кинеските компании се најпрофитабилните производители на мобилни телефони со „Android“.

За доброто претставување на компанијата од Купертино има одредени причини – во третиот квартал „Apple“ го претстави „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“, чија основна цена е 224,80 долари, а почетната продажна цена е 649 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП