6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei ја откажа соработката со Google

Huawei ја откажа соработката со Google

pikseli999

Иако кинески „Huawei“ го произведуваше „Nexus“, смартфонот на „Google“, нивната соработката нема да продолжи и на „Pixel“ моделите.

Причината за прекинувањето на соработката е одлуката на „Google“ своите нови уреди да ги означи само со своето име, т.е. воопшто да не се споменува „Huawei“.

Раководните лица во „Huawei“ оваа одлука ја коментираат дека таква форма на соработка не би им била во корист, особено на развиените пазари каде што сакаат да го зајакнат својот бренд.

Тие напоменаа дека не го гледаат „Google“ како вистинска конкуренција, барем додека „Pixel“ мобилните телефони не се пробијат на пазарите.

Но, „Google“ пронајде нов производител на своите мобилни телефони на кои не им смета неговото име да се отстрани од уредот, а тоа е компанијата „HTC“.

Oвој некогаш доминантен производител на смартфони, чија продажба во изминатите години тргна низбрдо, е подговен да ја прифати понудата на „Google“, иако нивното име ќе се најде само на батериите на „Pixel“ и „Pixel XL“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП