6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го претвора Tiguan во крос-купе

Volkswagen го претвора Tiguan во крос-купе

tiguan3344

„Volkswagen“ планира да го прошири семејството на „Tiguan“ со целосно нов модел за компанијата. Деновиве на пазарот треба да се појави верзија крос-купе на кросоверот кој ќе биде конкурент на премиум автомобилите од оваа класа понудени од „BMW“ и „Mercedes-Benz“.

Германците веќе понудија продолжена верзија на кросоверот, кој го доби додатокот „XL“ кон името. Кон неа треба да се приклучи и варијанта со купе силуета кој ќе стане алтернатива на „BMW“ (X4, Х6) и „Mercedes-Benz“ (GLC / GLE Coupe). Цената на автомобилот ќе биде споредлива со онаа на моделите, како „Audi Q2“, „BMW X1“ или „Mercedes-Benz GLA“.

Серискиот „Volkswagen Tiguan СС“, како што ќе се вика кросоверот, ќе излезе во 2018-та година, а ќе биде проследен со слични модификации на „Seat Ateca“ и „Skoda Kodiaq“. Технички тој нема да се разликува од донаторот, така што ќе ги користи неговите платформа, мотори и менувачи, така и опремата.

Промените кај крос-купето „Tiguan“ ќе влијаат врз суспензијата и управувањето, кои ќе се одржат на спортски поставки. Се предвидуваат и неколку различни варијанти на екстериерот и ентериерот, кои ќе имаат спортска насоченост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП