7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia се враќа на пазарот на мобилни телефони

Nokia се враќа на пазарот на мобилни телефони

nokia-android-tele

„Nokia“ потврди дека следната година ќе претстави смартфон, со што ќе го исполнат ветувањето да влезат повторно на пазарот на мобилни телефони.

Некогашниот фински гигант го продаде бизнисот со уреди на „Microsoft“ во 2014-та година и телефоните веќе се продаваат под брендот „Lumia“. Но откако „Microsoft“ практично излегува од бизнисот со смартфони, „Nokia“ се подготвува за „камбек“.

Се очекува новата генерација уреди да бидат претставени во вториот квартал на 2017-та година, а според гласините тоа ќе се случи на Светскиот мобилен конгрес во февруари. Генералниот директор на Nokia, Раџев Сури ќе одржи клучен говор на конференцијата, на која компанијата ќе има свој штанд.

Минатата недела „Nokia“ потврди дека ќе претстави телефон во 2017-та година, кога на корпоративната презентација беше соопштено дека догодина „брендот „Nokia“ се враќа кон смартфоните“.

„Microsoft“ го ограничи производството на телефони од „Nokia“ со нејзиното име до 2015-та година, кога компанијата објави дека ќе ја разгледа можноста за повторно навлегување на пазарот, „ако и кога открие екслузивен партнер“, кој ќе се погрижи за производство, продажба, маркетинг и услуги на клиенти .

„Nokia“ соработува со финската компанија „HMD“ која ќе биде одговорна за производството на новите смартфони. Двете компании потпишаа договор во мај, кој и даде на „HMD“ ексклузивни права на брендот „Nokia“.

Новосоздадената компанија ќе вложи 500 милиони евра во маркетингот на телефоните во следните три години. Таа постигна договор со „Nokia“ да го произведува ексклузивно хардверот во следните десет години. Се уште не се објавени никакви детали за самиот телефон и карактеристиките кои ќе ги има, но се очекува новите уреди на „Nokia“ да работат со оперативниот систем „Android“ на „Google“.

Компанијата соопшти дека се подготвуваат два висококвалитетни модели на телефони кои ќе работат со „Android Nougat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП