10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред распаѓање ли е Пацифичкoто партнерство?

Пред распаѓање ли е Пацифичкoто партнерство?

busav222

Трговскиот договор за Пацифичкoто партнерство (TTP) е ставено под сериозен тест. Доцна синоќа, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп соопшти дека земјата ќе го напушти договорот уште во првиот ден, кога тој ќе ја презеде функцијата, пренесе „ВВС“.

Договорот го потпишаа 12 земји кои формираат околу 40% од светската економија, меѓу кои САД, Јапонија, Малезија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и Мексико. Трговскиот договор беше потпишан во 2015-та година во Оукланд (Нов Зеланд).

Според Трамп договорот е „катастрофа“ за САД и наместо него ќе бидат постигнати „чесни, билатерални трговски договори“ со одделни земји во регионот. На овој начин ќе биде вратена контролата на САД врз нивната економија, работните места и индустријата.

Според „The Australian“, сепак заминувањето на САД може и да не предизвика распаѓање на организацијата. Австралиското издание објави за средба на високо ниво во Лима, на која учествуваа Канада, Нов Зеланд, Мексико, Перу, Чиле и бројни азиски земји.

Тие се согласиле да ја продолжат својата соработка, независно од одлуката на САД, а е разгледана и можноста Кина да ја замени најголемата економија во светот во овој договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП