7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГодинава продажбата на компјутерски компоненти е поголема од продажбата на конзоли за...

Годинава продажбата на компјутерски компоненти е поголема од продажбата на конзоли за играње

gaming-cave-2

“Jon Peddie Research” го објави извештајот за третиот квартал од 2016 година кој се однесува на графичките карти (GPU) и конзоли за играње.

Во извештајот се укажува на тоа дека испораките на графичкиот процесор постигнале солидно зголемување од 20 отсто во однос на претходниот квартал. Сепак, она што е интересно во овој извештај е табела која ја покажува продажбата на конзоли и компјутерски компоненти за целата 2016 година.

Според анализите, пазарот на играчки конзоли има продажба на хардвер во вредност од 90,4 милијарди долари, додека масовниот пазар на PC хардвер остварил 200 милијарди долари во текот на оваа година.

Доколку некој се сомневаше дали на PC платформата е избор за гејмерите или не, оваа анализа и резултатите од овој квартал дефинитивно ставија крај на дебатата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП