3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаден погон и „ветер во коса“: Huracan LP580-2 Spyder (фото+видео)

Заден погон и „ветер во коса“: Huracan LP580-2 Spyder (фото+видео)

cab-huracan1

„Lamborghini Huracan Spyder“ е модификација со заден погон и ќе се појави на пазарот не порано од јануари 2017-та година.

Компанијата го покажа официјално новиот модел „Huracan Spyder“ на автосаемот во Лон Анџелес. Тој е опремен со систем за движење на задните тркала. Кабриото располага со 5.2-литарски бензински агрегат V10 со перформанси 580 кс. Во комбинација со моторот е автоматска трансмисија „Lamborghini Doppia Frizione“ со две спојки.

cab-huracan2

Автомобилот развива 100 км/ч за 3.6 секунди, а максималната брзина на движење е 319 км/ч.

cab-huracan3

Покрај тоа направени се промени во дизајнот на суперавтомобилот. Па така се зголемени отворите за воздух, возилото е снабдено со 19-инчни дискови и уникатни „Pirelli PZero“ гуми, кои се дизајнирани специјално за овој автомобил.

cab-huracan4

Тежината на „Huracan Spyder“ е намалена за сметка на перфорираните метални дискови. Промени има и во форма на отстранливиот покрив. Процесот трае само 17 секунди при брзини до 50 км/ч.

Потсетуваме дека претходно беа објавени шпиоснки фотографии на „Lamborghini Huracan Superleggera 2018“ на патеката во Нирбургринг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП