2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија ги укинува даноците, огромен раст за 25 години

Албанија ги укинува даноците, огромен раст за 25 години

15395882975831bf72bfdff895778132_w640

Албанскиот премиер Еди Рама најави целосно укинување на даноците за мали компании – сите оние кои имаат годишен промет помал од 36.400 евра.

Се намалуваат и даноците за поголемите компании, така што сите оние кои остваруваат годишен промет меѓу 36.400 и 58.200, од сега ќе плаќаат данок на добивка од само 5 проценти.

Албанија на тој начин сака да му даде дополнителен поттик на секторот на мали и средни претпријатија, со цел да се приближи на западноевропскиoт модел на оданочување.

Албанија во изминатите 25 години постигна огромен напредок. Пред појавата на глобалната финансиска криза во 2008 година, имала најбрз раст во Европа, по просечна стапка од 6 проценти годишно.

Сиромаштијата во период од 2002 до 2012 година е намалена на околу 12 проценти.

Интересно е што нивната економија продолжи да расте и во време на кризата, иако со малку побавно темпо, од околу 3 проценти годишно.

Благодарение на странските инвестиции дошло и до раст на вработеноста па бројот на работни места во приватниот сектор од 1999 до 2013 е двојно зголемен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП