18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон - најдобриот пазар во Европа за експанзија на трговците

Лондон – најдобриот пазар во Европа за експанзија на трговците

london399000

Лондон е лидер на листата на консултантската компанија „Savills“ за најдобрите пазари на малo во Европа за експанзија на „ритејлерите“.

Главниот град на Велика Британија продолжува да привлекува нови брендови поради стабилните фундаменти и растечките туристички текови, пишува во извештајот на компанијата, кој го пренесува онлајн изданието „property-magazine.eu“.

Податоци на „Mastercard“ покажуваат дека за периодот 2015-2016 година, речиси 20 милиони туристи го посетиле Лондон и потрошиле 17,8 милиони евра. Трошоците се со над 53% повисоки во споредба со Париз – главниот конкурент на британската престолнина на пазарот на мало.

Посетителите во Лондон освен тоа имаат тенденција да одвојат речиси 47% од својот буџет за шопинг, додека посетителите на Париз во просек одвојуваат речиси 17% од трошоците за шопинг, покажуваат податоците.

Второто место на листата е за главниот град на Франција, кој се покажува и за малку поскап пазар за новонавлезените трговци во споредба со Лондон.

Британската престолнина добива и поттик поради курсот на фунтата, кој се распадна по гласањето за „Brexit“, посочуваат експертите. Така луксузна кошница со купувања, која вклучува „iPad“, часовник „Rolex“ и парфем „Chanel“, во моментов чини 13% помалку во споредба со Париз, а како резултат на тоа продажбата на трговците во Вест Енд се зголемува за 3% на годишна основа по референдумот за излез од Европската унија (ЕУ).

Во класификацијата „Savills“ ги проценува можностите на „ритејлерите“ од гледна точка на застапеноста со брендови, населението и туристите. Споредбата покажува дека иако Лондон е пазарот со најголема пенетрација на меѓународни брендови, конкуренцијата е помалку изразена поради протокот на луѓе.

Главниот град на Велика Британија е привлечен и поради ниските трошоци за работна сила, што пак го зголемува профитот на продавниците, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП