9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрите пет авиокомпании во светот

Најдобрите пет авиокомпании во светот

katari300

Како што буџетите на авиокомпаниите се зголемуваат, така се подобруваат и нивните услуги и перформанси за секој тип на потрошувач.

Рангирањето е водено во три клучни области:

-Квалитет и услуга
-Статистика за точноста на полетување, слетување
-Справување со поплаки

Првите пет места ги зафаќаат:

1. Qatar Airways – авиокомпанија е најдобра во квалитет и давање услуги на своите потрошувачи, нивните авиони летаат на преку 125 дестинации во светот и се планира воведување на уште 50 нови дестинации.

2.Air Dolomiti – оваа авиокомпанија е Италијанска регионална авиокомпанија, поголемиот удел на фирмата е контролирана од Lufthansa, ја сочинуваат само 10 авиони , но е најдобра во статистика околу точноста.

3.Austrian Airlines – исто и оваа авиокомпанија е филијала на Lufthansa, нејзината услуга е првокласна како и справувањето на поплаки е ефикасно.

4.Singapore Airlines – најдобрата компанија во однос на точноста, квалитетот и услугата, но слаба на ниво на справување со поплаките и молбите од потрошувачите.

5.KLM-Royal Dutch Airlines – формирана во далечната 1919, една од најбезбедните авиокомпании, има преку 156 авиони и дури 88 % точност на своите авиони во однос на слетувањата и тргнувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП