6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy Note 7 следната година се враќа на пазарот?

Samsung Galaxy Note 7 следната година се враќа на пазарот?

notica33

Според најновите информации, компанијата „Samsung“ се уште не планира да „дигне раце“ од моделот „Galaxy Note 7“.

„Samsung“ следната година би можел да го пушти повторно на пазарот смартфонот „Galaxy Note 7“, кој ќе ја има ознаката „Refurbished“, пишува „The Investor“.

Од компанијата се уште не објаснија што ги предизвикувало експлозиите на батериите на овој модел, ниту зошто на тој проблем било склони „поправените“ уреди.

Цената на поправената верзија на телефонот најверојатно ќе биде значително пониска, а во извештајот се наведува дека ќе се појави на пазарите во Виетнам и Индија, каде владее голема побарувачка за евтини телефони.

Уште едно потенцијално сценарио според „The Investoru“ е уништувањето на постоечките резерви, кои се неколку милиони уреди.

Компанијата „Samsung“ се уште не се огласи во врска со овие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП