16 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.11.2016

Дневен хороскоп 18.11.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да имате подобра деловна позиција, но не знаете на кој начин да го постигнете тоа. Инвестирајте пари во нешто паметно. Партнерот се сомнева во вас. Можно е да ве проверува и контролира.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате чувство дека сте подобри од другите и дека ви претстои многу голем успех. Планетите не се на ваша страна денес, но наскоро ќе бидат. Во љубовта погрешно го тумачите однесувањето на партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Оптеретени сте со деловните планови и обврски. Одморете малку. Иако не сакате, се повеќе се одалечувате од партнерот. Потребно е да му дадете поголема поддршка, не заборавајте колку партнерот ви помогнал на вас.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Снаодливи сте, а тоа ви донесува сјајни резултати. Партнерот не исполнил нешто што одамна ви го ветил и вие ќе бидете лути за тоа. Избегнувајте бурни реакции во големо друштво.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можна е кавга со личност која е хиерархиски над вас. Во љубовта се чини како да го губите почетниот залет. Работите ви стануваат тешки и досадни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете да се прилагодите на тоа. За да ги остварите вашите намери во љубовта најпрвин потребна ви е искреност. Размислете дали сте подготвени за чекор нанапред.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес мора да бидете претпазливи и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка која финансиски ќе се одрази на вас. Време е со партнерот да заборавите на кавгите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Поведете сметка за тоа како се однесувате на работа. Некој ве следи цел време и може да ви наштети. Во љубовта можеби ќе поминете низ тежок период. Можеби ќе биде потребно да се ослободите од партнерот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нема потреба премногу да се експонирате на работа. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Во љубовта имате чувство дека сте погрешиле? Обидете се да му приредите нешто забавно на партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Често се преценувате себе си и своите можности. Доколку бидете реални, полесно ќе се носите со притисокот. Во љубовта сега е идеално време за смислување на љубовна стратегија или за приредување на романтично изненадување за саканото лице.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да очекувате зголемени обврски на работното место. Тоа вас воопшто нема да ве вознемири бидејќи прилично вешто се справувате со работата, но ќе ве вознемири партнерот кој ќе признае нешто што го сокрил од вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве оптеретуваат. Имате чувство дека партнерот полека се одалечува од вас. Соберете храброст и кажете му на саканото лице се што ви лежи на срце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП