7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа 15-ти декември Nintendo ќе ја пушти мобилната игра Super Mario Run...

На 15-ти декември Nintendo ќе ја пушти мобилната игра Super Mario Run (видео)

supermario-00

„Nintendo“ ќе ја пушти играта „Super Mario Run“ низ целиот свет за „iPhone“ и „iPad“ на 15-ти декември, датму кој ќе треба да биде „отскочна даска“ по успехот на феноменот „Pokemon Go“ ова лето, пишува „Bloomberg“.

Играта е првиот мобилен предлог кој го вклучува еден од најпознатите ликови на „Nintendo“. Тој ќе биде бесплатен за превземање, но ќе вклучува можност за еднократна исплата на 9,99 долари за отклучување на сите функции. Освен на англиски и јапонски, „Super Mario Run“ ќе биде достапна и на неколку други јазици, објави „Nintendo“.

Моделот за привлекување на играчи со бесплатна верзија, а потоа со еднократна исплата, е „одлична стратегија на „Nintendo““, тврди Нил Кемплинг, аналитичар на „Northern Trust Capital Markets“. Многу успешни мобилни игри, како „Clash of Clans на Supercell“, се радуваат на годишен приход од корисник во износ од 100 долари.

Акциите на „Nintendo“ ја зголемија својата вредност со 2,4% до 25.445 јени во Токио. Од почетокот на годината цената скокнала со повеќе од 50 отсто во споредба со 6% пад на индексот „Nikkei 225“.

Според зборовите на Кемплинг цената е прифатлива, бидејќи е иста како месечните за „Netflix“ или „Spotify“ и е само дел од цената на една традиционална игра.

Компанијата со седиште во Кјото изјави дека веќе предвидела влијанието на новата игра која е вклучена во нејзината прогноза за тековниот фискален период. „Super Mario Run“ ќе стане достапна и за „Android“ уреди во подоцнежна фаза.

Дебито на играта треба да го следи исклучителниот успех на „Pokemon GO“ од ова лето, што беше развиена за „Android“ и „iOS“ со седиште во Сан Франциско, „Niantic“ со помош на „Nintendo“, и е симната стотици милиони пати, според инвеститорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП