17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 17 земји за започнување бизнис, Македонија 4-та на листата

Топ 17 земји за започнување бизнис, Македонија 4-та на листата

business

Започнување на бизнис никогаш не е лесно или пак без стрес.

Но, постојат места каде што можете да ја стартувате вашата компанија од соништата со помалку ограничувања од другите, пишува Business Insider.

Светската банка составува извештај на најдобри и најлоши места за да се биде претприемач, мерејки регулативи кои влијаат на 10 области во бизнисот.

Тие вклучуваат пристап до електрична енергија, регистрација на имот и добивање кредит.

Студијата е огромна, собирање на податоци и анализи на претприемачи на повеќе од 130 илјади фирми во 139 држави.

Еве ги земјите кои излегоа на врвот:

17. Белгија: 94.49- Додека Белгија рангира високо за отпочнување бизнис, земјата страда кога станува збор за регистрирање на имот, што е рангирана на 131-во место. Овој процес одзема многу време, во просек од 56 дена.

belgia

16. Обединетото кралство: 94.58- Даночниот режим за бизнисите се наоѓа на 10-то место, додека земјата има шест најдобри заштити на малцинските инвеститори, според Светската банка.

uk

15. Шведска: 94.64- Шведска направи полесен трансфер на имот и воведе механизам за пријавување грешки на мапа.

sweden

14. Естонија: 95.13- Естонија е ефикасно место за да се отвори продавница. Треба само три ипол дена во просек за да се започне бизнис во земјата.

estonia

13. Косово: 95.54- Косово го олеснија плаќањето даноци со воведување на онлајн систем за поднесување и плаќање ДДВ и придонеси за социјално осигурување. Исто така, овозможија повеќето трошоци да се одбијат за пресметка на данокот на добивка.

kosovo

12. Јамајка: 95.61- Само две процедури се потребни за да се започне бизнис во Јамајка, земајки во просек од 10 дена.

jamajka

11. Јужна Кореја: 95.83- Фамозно брзиот интернет и добар пристап до технологија ја крена во рангирањето Јужна Кореја.

jkoreja

10. Ирска: 95.91- Ирскиот корпоративен пријателски даночен режим, петти најдобар за бизнис во светот, заработува висока позиција во рангирањето на Светската банка.

irska

9. Ерменија: 96.07- Ерменија го зајакна пристапот до кредити со донесување на новиот закон за безбедни трансакции со кој се воспоставува модерен и централизиран регистар.

ermenija

8. Грузија: 96.13- Грузија ја зајакна заштитата на малцинските инвеститори, зголемување на акционерските права и појаснување на сопственоста и контролната структура.

gruzija

7. Австралија: 96.47- Австралија е една од најдобрите места во светот за добивање на градежни дозволи, второ место во таа категорија.

avstralija

6. Сингапур: 96.49- Сингапур направи олеснување во добивање на градежни дозволи, разионализирање на постапките и подобрување на онлајн едношалтерскиот систем.

singapur

5. Азербеџан: 97.74- Азербеџан го рационализираше процесот за добивање на нов приклучок за електрична енергија со воведување на електронски капацитет, достапен на мапата, кој го намали времето потребно за да се утврди нов клиент во поврзувањето.

azerbedjan

4. Македонија: 98.14- Земјата го направи полесно решавањето на несолвентноста со промена на гласачките процедури за реорганизациски планови и дозволувајки им на кредиторите поголемо учество.

makedonija

3, Хонк Конг: 98.20- Хонк Конг ја намали таксата за регистрирање бизнис.

honkkong

2. Канада: 98.23- Канада е одлично место за да се започне бизнис. Процесот трае само 36 часа и вклучува две процедури.

kanada

1.Нов Зеланд: 99.96- Земјата го олесни плаќањето на даноци со укинување на проверката. Нов Зеланд исто така ги намали давачките при несреќа од страна на работодавачите.

newzel

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП