17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го зголеми досегот на e-Golf

Volkswagen го зголеми досегот на e-Golf

egolf-90

Германскиот производител „Volkswagen“ за време на автомобилскиот саем во Лос Анџелес претстави електрична модификација на обновениот „Golf“. Таа се нарекува „e-Golf“ и доаѓа со 50% поголем опсег со едно полнење на батерии во споредба со својот претходник.

Блокот литиум-јонски акамулатори веќе има 35,8 kW/h (досега таа беше 24,2 kW/h). Така електричниот хечбек ќе може да помине 50 км повеќе од претходната модификација – околу 200 километри. Полнењето на новите батерии од стандардна станица трае околу 6 часа. За машината ќе се нуди и посебен уред за брзо полнење, благодарение на кој за 60 минути ќе се постигнува 80 отсто полнење на акумулаторите.

egolf-91

Моќноста на електромоторите на обновениот „Volkswagen e-Golf“ е зголемена за 19 КС и 20 Нм, што значи крајниот резултат е 134 КС и 290 Нм. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 9,6 секунди (со цела секунда побрзо од претходната верзија на моделот). Максималната брзина на хечбекот е 150 км/ч.

egolf-92

Во листата со достапни електронски помошници на возилото се вклучени систем за предупредување за опасност од фронтален судир со можност за препознавање на пешаци, адаптивен круз-контрол, систем за екстремно сопирање и систем за следење на лентата на движење со функција, спречување за нејзиното заминување.

egolf-93

Како и стандардниот „Golf“, така и обновениот електричен хечбек е опремен со инф-забавен комплекс со 9,2-инчен екран на допир со можност за управување со гестови. Системот ги поддржува стандардите „MirrorLink“, „Apple Carplay“ и „Android Auto“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП