6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто треба да направите кога смартфонот целосно ќе се блокира

Што треба да направите кога смартфонот целосно ќе се блокира

blok333

Паметните телефони се обично многу користен изум, но кога започнуваат да прават проблеми, многумина само би ги удриле во ѕид.

Сопирање на екранот, блокирање на уредот и слични примери во незгодни моменти навистина многу нервираат, а колку и да имате паметен (и скап) телефон, големи се шансите тоа да се случи порано или подоцна, барем еднаш.

За разлика од старите телефони кои со малку чепкање на позадината, беше едноставно да се извади и повторно да се врати батеријата и така присилно да се рестартира непослушниот уред, кај смартфоните батеријата е најчесто интегрирана, па така останувате без можности. Што треба да се направи?

Првата е опција, нормално е држење на копчето во траење од околу 20 секунди, што во повеќето случаи делува. Меѓутоа, доколку тоа не успее, ви остануваат уште неколку можности кои може да ви помогнат.

Кај „Android“ телефоните можете со притискање на копчето за вклучување во исто време да го притиснете и копчето за намалување или зголемување на звукот. Ако едното не делува, обидете се со другото, исто така во траење од околу 20 секунди.

Слично е и кај „iPhone“, кај кои пак е потребно во исто време да се држат копчињата за заклучување на екранот и „home“, oдносно копчето за враќање на почетниот екран.

Доколку проблемот со закочување на екранот се случува често, обидете се да го исклучите уредот и да избришете непотребни апликации и да ослободите меморија со префрлување на фотографии и видео содржини на компјутер, а исто така не заборавајте редовно да го ажурирате оперативниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП