7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda го претстави новиот CX-5 (фото+видео)

Mazda го претстави новиот CX-5 (фото+видео)

cx5-00

Јапонскиот производител „Mazda“ за време на саемот во Лос Анџелес ја претстави втората генерација на кросоверот „CX-5“. Генерално на моделот е користен стилот на неговиот претходник, во чија основа е новиот бизнис дизајн на марката – концептот „KODO“.

cx5-11

Сепак промени во изгледот има и тие се главно во предниот дел. Зголемена е решетката на ладилникот, различни се и „LED“ диодите на предните светла. Генерално димензиите на моделот се задржани – должина од 4545 мм, ширина од 1840 мм, висина од 1690 мм и растојание помеѓу двете оски од 2700 мм. Благо покачен со 5 литри, е волуменот на багажникот, кој веќе достигнува 505 литри.

cx5-12

Во ентериерот на новата „Mazda CX-5“ се користат поквалитетни материјали, значително подобрена е и звучна изолација. Конзолата на централниот панел е поставена повисоко, истото важи и за рачката за менување на брзини. Кросоверот станува првиот модел на марката, кај што задните седишта се достапни во две можни варијанти на наклон на грбот.

cx5-14

Кросоверот ги задржува моторите од првата генерација. Тоа се бензински агрегати од семејството „SkyActiv-G“ со зафатнина 2,0 и 2,5 литри, а исто така и дизел „SkyActiv-D“ со зафатнина од 2,2 литри. Трансмисија има 6-степен рачен или автоматски, а за моделот е достапен и систем за погон на четири тркала „i-Active“.

cx5-13

Во листата на опрема на новата „Mazda CX-5“ може да биде вклучен пакет „i-ActiveSense“ (радарски крус-контрол, систем за препознавање на сообраќајните знаци), проекциски дисплеј, мултимедијален систем „MZD Connect“ со навигација, како и аудио „Bose“ со 10 звучници.

За возилото е предвиден и систем „G-Vectoring Control“ (GVC), кој ја управува влечата на моторот во зависност од положбата на воланот. Така таа го контролира оптоварувањето на возилото и ја оптимизира работата на секое едно од тркалата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП