21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple со нови поставени цели, тргна во развој на паметни очила

Apple со нови поставени цели, тргна во развој на паметни очила

iglasss33

Започнаа со паметен телефон, па пристигна паметниот часовник, сега во Apple си поставиjа нова цел односно започнаа со изработка на паметни очила.

Од компанијата сѐ уште немаат потврдено дали се работи за очила за виртуелна (VR) или за проширена реалност (AR), па така овој проект на кој почнаа да истражуваат за почеток го нарекоа “дигитални очила”.

Доколку навистина станува збор за проширена реалност (AR), од Аpple ќе постават нови достигнувања на пазарот и за разлика од веќе постоечките VR очила кои ги споредуваа со паметните телефони како што се Gear VR-a (Samsung plus Facebook) или HTC Vivea (HTC plus Valve), сопствениците на новите Apple очила во иднина ќе можат да ги гледаат работите во светот околу себе, но со дигитални слики вградени во нив.

Како најран датум за лансирање на овие очила засега се споменува првиот квартал од 2018 година.

Приказната за дигиталните очила настана откако излегоа податоците за приходите од продажбата iPhone 7 во последниот квартал, кои беа полоши од очекувањето.

Apple уште пред три години ја купи компанијата PrimeSense кои ја развија AR технологијата на базата Microsoft Kinect, уреди како што се сензори и камери кои ги регистрираат човечките движења на телото.

Своето проширување Apple на AR пазарот го продолжи и изминатата година со купувањето на софтверските компании за AR, Metaio Inc. и Flyby Media.

По приказната за експанзија во бизнисот со виртуелните очила, особено во 2016 година, резултатите од продажбата на VR очилата открива дека сепак на пазарот не ја достигнаа посакуваната цел која се очекуваше.

Проширената стварност во која работите и дигиталните анимации се споени во иста слика, може да биде чекор напред за целата индустрија бидејќи со тоа се поништува чуството на затвореност. Најголемиот проблем во развојот на AR очилата на Apple, како и на многу други компании кои ги развиваат, е како да се состави целата таа технологија и батерија во рамка на очилата кои дизајнерски ќе биде прифатлива за носење.

Заради проблемите со батеријата и очилата на Google Glass завршија како неуспешен проект.

„Мораме да се стрпиме уште малку за проширената стварност, бидејќи технолошките пречки и натаму се големи. Но кога ќе бидат создадени, сите ние ќе се запрашаме како воопшто сме можеле да живееме без AR технологиите“, изјавија од тимот на Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП