26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо декември просечната пензија ќе изнесува 13.750 денари

Во декември просечната пензија ќе изнесува 13.750 денари

penzioneri

На почетокот на декември ќе се зголемат пензиите за пет проценти, со што просечната пензија ќе изнесува 13.750 денари.

“Со зголемувањето на пензиите за пет проценти што ќе се реализира во првата недела од декември, просечната пензија во Република Македонија ќе изнесува 13.750 денари. За споредба, во 2006 година просечната пензија во нашата држава изнесуваше околу 7.680 денари”, изјави денеска дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Според него, ова е уште една потврда за реализација на мерките и проектите на Владата на РМ за директно подобрување на животниот стандард на пензионерите. Најави дека и во иднина ќе се продолжи со реализација на, како што рече, реални и остварливи проекти, со кои континуирано ќе се подобрува животниот стандард и на пензионерите, но и на сите граѓани.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП