7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа фабриките на Renault им се заканува штрајк

На фабриките на Renault им се заканува штрајк

restrajk33

Синдикалните организации во „Renault“ повикаа на протести и штрајк во француските фабрики на компанијата. Синдикалците се противат на обидите на раководството да ги поттикне кон флексибилно работно време.

И трите главни синдикати во групата го поддржуваат штрајкот, соопштува „Ројтерс“. Работничките организации во моментов преговараат за нов тригодишен колективен рамковен договор со компанијата, затоа што сегашниот истекува на крајот на годината.

Раководството сака да им овозможи на шефовите на фабриките да донесат вонредни смени по потреба со пократка најава од сегашната и да го плаќа прекувременото одеднаш на крајот на годината. Тоа беше условот на компанијата пред француската влада, за да ги задржи фабриките во Франција и да инвестира уште 720 милиони евра во проширување на фабриките и обука на персоналот.

Француските фабрики на „Renault“ имаат прилично ниска продуктивност во споредба со моќност во други земји – само 64 возила на работник годишно. Целта е таа да порасне барем до 90 возила на работник.

Евентуалниот штрајк ќе влијае прво на фабриката во Флен сур Сен, каде се произведуваат „Renault Clio“, новата генерација на „Nissan Micra“ и електричниот „Renault Zoe“. Во фабриката се постојано вработени речиси 2.200 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП