5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВидео повиците пристигнаа и на WhatsApp (видео)

Видео повиците пристигнаа и на WhatsApp (видео)

video-whats

Програмерите на „WhatsApp“ во последно време имаа многу работа. Покрај отстранувањето на редовните грешки, секако пристигнува и некоја нова опција. Во последнава недела, беше овозможено испраќање на „GIF“-ови, како и подобри поставки за безбедност, а сега конечно пристигна и официјалната поддршка за видео повици.

До новата опција се доаѓа многу едноставно. Во текот на отворениот „чат“ со некоја личност потребно е најпрво да се допре иконата на телефонската слушалка. По тоа на средината на екранот ќе се појави и рамка во која треба да се одбере што точно посакувате, воспоставување на гласовни или видео повици. И тоа е тоа.

За време на разговорот е овозможена промена на активната камера (предна/задна), како и повремено исклучување на микрофонот.

На апликациите за „iOS“ и „Android“ има помала разлика во интерфејсот, на „iOS“ рамката со видео соговорникот е сместена во горната десна, а на „Android“ во долната десна страна.

Видео повиците се поддржани и на мобилните уреди кои се темелат на „Windows“ платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП