5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦентрална кооперативна банка А.Д. Скопје забележа подобрување во работењето од лани

Централна кооперативна банка А.Д. Скопје забележа подобрување во работењето од лани

centralna

Во третиот квартал од 2016 година, Банката забележува подобрување на финансискиот резултат споредено со истиот период минатата година. Подобрувањето во најголем дел се должи на напорите на Банката насочени кон континуирано зголемување на кредитното портфолио и диверзификацијата на изворите на средствата за финансирање, преку успешно менаџирање на висината на каматните стапки со цел да се задржат постоечките и да се привлечат нови клиенти, посебно во доменот на девизното штедење кај населението и кредитирањето на малите и на средните претпријатија.

Банката зaбележа пораст на  кредитите за 18,67% во однос на септември 2015 година, но и пад на вложувањата во безризичните пласмани, што доведе до незначителен пад на приходите од камати од 0.78% во однос на истиот период минатата година. Одржувањето на нето-каматниот приход повисок за 9,16% во однос на  нивото од претходниот период, Банката успеа да го оствари со прибирање извори на средства со пониска камата, при што расходите за камати  во третото тримесечје на годината се за 18.20% пониски во однос на истиот период минатата година.

Подобрената кредитна активност и севкупниот зголемен обем на работа во платниот промет во земјата и во странство доведоа до пораст на позицијата нето-приходи од провизии и надоместоци и нивно надминување за 15.44%  во однос на претходната 2015 година.

Во текот на третиот квартал од 2016 година, Банката изврши продажби на повеќе преземени средства, при што оствари значителна капитална добивка. Ефектите од овие настани се одразени во позицијата Останати приходи од дејноста, која изнесува 9,943 илјади мкд.

Во 2016 година, забележано е намалување на трошоците за вработени за 1,56% во однос на истиот период минатата година. Подобрувањето се должи на извршеното реструктуирање и реорганизацијата на службите во Банката, а со цел подобрување на услугите и на севкупната ефикасност на Банката.

Позицијата останати расходи од дејноста бележи намалување и покрај  континуираниот пораст на обемот на работа. Во третиот квартал оваа позиција е за 4.95% помала во однос на истиот период претходната година. Ова намалување се должи на пад на трошоците за наемнини.

Согласно со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања, евидентирана е загуба поради оштетување на преземени средства во износ од 5,739 илјади денари, што е за 72.86% пониско оштетување во однос на претходната година. Намалувањето се должи на ангажманот на Банката за продажба на преземени средства во текот на известувачкиот период, како и на извршеното времено разграничување на загубата поради оштетување во 2016 година.

Банката продолжува со високата претпазливост при преземање кредитен ризик, но континуираниот раст на кредитното портфолио, доведе до пораст на издвоените резервации. Во споменатиот период, Банката издвои резервации во висина од 18,198 илјади денари, кои се 72.94% повисоки  во однос на истиот период минатата година.

Во третиот квартал од 2016 година, Банката оствари позитивни нето-приходи од курсни разлики, кои се за 37.18% поголеми во однос на истиот период минатата година. Во претходната 2015 година, пониските нето-приходи од курсни разлики настанаа како резултат на ненадејниот висок раст на цената на швајцарскиот франк. Во 2016 година не се забележани повисоки флуктуации на девизниот пазар.

Генерално, одредени индикатори во 2016 година укажуваат на подобрена оперативна ефикасност на Банката, гледано преку намалените расходи за камати и останати расходи, подобрените нето-приходи од провизии и надоместоци, како и подобрените приходи од курсни разлики. Видливо е подобрување на финансискиот резултат за 58.31% во однос на истиот период минатата година, при пораст на кредитното портфолио и  пораст на депозитите  од небанкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП