7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка прикажа висока добивка во првите девет месеци

УНИБанка прикажа висока добивка во првите девет месеци

una

УНИБанка во 2016 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот за 2016 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги во предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување.

Нето активата на банката во Септември 2016 година е на ниво од 14,1 милијарди денари, што значи зголемување на истата за 12,9% во однос на Септември 2015 година (12,5 милијарди денари).  Обврските на банката  во билансот на состојба бележат нето зголемување од 11,9%, што е резултат на порастот на вкупните депозити особено на депозитите на банки.

Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на Септември 2015 година се зголемени од 370,5 милиони денари на 416 милиони денари или за 12,3%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки.

Квалитетот на кредитното портфолио на банката, следен преку промените на нефункционалните кредити и издвоената исправка на вредност на финансиските средства, бележи подобрување (во  текот на 2016 година е издвоена исправка на вредност на финансиските средства во износ од 1,8 милиони денари, која во однос на истиот период минатата година е помала за 143 милиони денари).

Оперативните расходи во 2016 година достигнаа износ од 387,5 милиони денари, што значи зголемување од 6,5% во однос на минатата година.

Во 2016 година Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 116,9 милиони денари кој во однос на истиот период  минатата година е повисок за 162,5 милиони денари.

Комплетниот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП