19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda подготвува RS-верзии на Kodiaq и Superb

Skoda подготвува RS-верзии на Kodiaq и Superb

rka333

Раководството на „Skoda“ ја разгледува можноста за проширување на спортската гама модели со додаток „RS“ кон името. Тоа го објави австралиското издание „Motoring“, повикувајќи се на шефот на локалната филијала на компанијата, Мајкл Ирмер.

Пред некое време Чесите се откажаа од верзијата „Fabia RS“ поради нејзината слаба продажба и така во палетата останаа само две спортски машини – „Octavia RS 220“ и „Octavia RS 230“. Сега кон нив ќе биде додадена и нова модификација на предводникот на брендот „Superb“.

Во моментов топ-верзијата на бизнис-седанот – „Superb SportLine“, е опремен со 2,0-литарски бензински мотор со 280 КС (слично како агрегатот на „VW Golf R“). Тоа значи дека верзијата „Superb RS“ ќе добие мотор со над 300 КС. Не е исклучено во „Skoda“ да предложат и дизел спортска варијанта како кај „Octavia RS“. Таму бензинскиот мотор е со 220 или 230 КС, а дизелот е со 184 КС.

Верзија „RS“ ќе има и кај големиот кросовер „Kodiaq“, кој беше претставен претходно оваа есен. Таа сепак ќе се појави во подоцнежна фаза. Прво Чесите ќе ја предложат модификација „SportLine“, така што ќе ја следат шемата со „Superb“.

Што се однесува до „Octavia RS“, таа исто така ќе биде обновена во најскоро време. Моделот ќе добие мотори со моќност од 230 и 245 КС, кои беа претставени само пред неколку дена при освежувањето на „Volkswagen Golf GTI“ и „GTI Performance“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП